Продолжувањето на преговорите на ЕУ и Велика Британија под знак прашање – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/20 3:05 PM

Продолжувањето на преговорите на ЕУ и Велика Британија под знак прашање

Велика Британија и ЕУ ќе разгледаат дали наредниот круг на преговори за нивниот иден однос во Лондон треба да продолжи како што е планирано.

Тоа вчера го изјави портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

Тој додаде дека било каква одлука за преговорите, која би требало да се одржи од 18 март до 20 март, ќе биде донесена заедно со ЕУ, пренесува Reuters.

Поради ширењето на коронавирусот се доведува во прашање патувањето на службените лица на состаноци.

Извор: denar.mk