Време: Денеска сончево – до 23 степени, утре до 25, па дожд и в недела до 11 степени – ММС
ММС

Објавено на: 03/12/20 6:58 AM

Време: Денеска сончево – до 23 степени, утре до 25, па дожд и в недела до 11 степени

Сончево и топло со слаб северен ветер и со максимална температура до 23 степени е прогнозата на УХМР за денеска.

И утре времето ќе биде сочево, но и потопло – дури до 25 степени, што ќе услови нагло топење на снежната покривка на планините. В сабота облачноста ќе се зголеми, а попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. В недела врнежите ќе бидат пообилни и поради заладување на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег. За време на викендот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.