Немаат ист третман вработените во јавното со приватното здравство во справување со коронавирусот. Од Здружението на приватни лекари на Македонија бараат и тие да бидат партнери на Министерството и Фондот за здравство при носењето на одлуки за актуелната состојба со коронавирусот. Приватните лекари имаат неколку барања. Приоритетно и во нивните амбуланти да стигне државна донација во дезинфекциони средства и маски, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова претседателката на здружението.
-Во Италија веќе има 60 чекари во карантин и не би сакале да дојде до таква ситуација па затоа бараме Министерот и институциите да покажат малку разбирање како во однос на правилниците така и да не заштитат со донација на дезинфекциски средства по нашите чекални. Од Центрите за јавно здравство бараме да ни достават флаери со препораки за нашите пациенти за да ги читаат и да се информираат бидејќи не сите возрасни имаат пристап до интернет. Голем е бројот на граѓани кои не го знаат телефонскиот број на кој треба да се јават ако почувствуваат симптоми на коронавирус. Од Фондот бараме да донесе сет на превентивни вонредни мерки за вакви ситуации со кои би бил пофлексибилен со докторите кои се во карантин бидејќи имаме колега од Центар Жупа што е во карантин а неговите 2 илјади пациенти нема кој да ги опслужува, рече д-р Лилија Чолакова Дервишова претседателката на здружението.
Приватните амбуланти лекари не можат да ги повикуваат пациентите за да спроведат превентивни мерки и бара промена на Правилникот во делот на задолжителната потврда што хроничните пациенти мора да ги приложат за отсуство од работа.
-Апелираме министерот да ја смени препораката и да биде работодавачите да се јавуваат кај матичните лекари за да потврдат со што би се избегнале секаков вид на контакти кај најподложните граѓани на вируси и настинки во овој период. Сите препораки да одат електронски, рече д-р Чолакова Дервишова.
Место за паника нема. Потребно е да се почитуваат правилата како што е дистанца од најмалку еден метар помеѓу граѓаните во меѓусебна комуникација, изолација на граѓаните кои се враќаат од Италија и ако се затвораат училишта и градинки тогаш треба препораките да се почитуваат и за масовни собири, седенки итн.
Убавка Јаневска


