Вчера вечер во Бејрут, Либан, се одржа изборот за Мис на Европа 2020, на кој победи убавицата од Франција. Титулата прва придружничка ја освои Литванија, а втора придружничка е девојката од Украина. Нашата претставничка, Анѓела Јакимовска од Скопје направи убав успех влегувајќи во топ 10 убавици, а на крај беше прогласена, односно освои круна и лента за најубаво тело- Mis best body.
Анѓела на изборот настапи преку Модното студио „Црнокрак“, кое ја поседува лиценцата за нашата држава за овој престижен интернационален избор за убавина. На изборот присуствуваше и првиот човек на агенцијата, Мики Црнокрак, кој беше и дел од жирито.
-На овој избор уште една девојка од нашето модно студио успеа да освои титула и тоа трета придружничка, а тоа е 19 годишната Лара Стешевиќ, која ја претставуваше Црна Гора, вели Мики.
Сите европски убавици престојуваа две недели во хотелот „Ривиера“ на самиот брег на Средоземното море во Бејрут, Либан. Финалето се одржа без публика, поради истите мерки кои и тука во Либан се превземаат како превенција од Корона вирусот.