Бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз нема да важат од утре, па во наредните две недели.
Како што соопшти ЈСП Скопје, времено нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичарницата на Водно.
– Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот. Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки, се истакнува во соопштението.
МИА