СЦ „Борис Трајковски” нема да работи во следните две седмици – ММС
ММС

Објавено на: 03/11/20 9:12 AM

СЦ „Борис Трајковски” нема да работи во следните две седмици

Спортскиот центар „Борис Трајковски” во Скопје нема да работи во наредните 14 дена. Во соопштението на СЦ „Борис Трајковски”, се вели дека оваа одлука е донесена согласно последните издадени забрани за одржување на сите собири на отворено и затворено од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство.

– Се известуваат сите корисници на содржините на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, дека од 11 март 2020 , па во наредните 14 дена, нема да работи. Спортските настани во наредните 30 дена ќе се одржуваат без публика, информираат од СЦ “Борис Трајковски”.