Двајца штипјани со кривична за измама – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/20 4:24 PM

Двајца штипјани со кривична за измама

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.Ц.(39) и Д.Ц.(21), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”.

Пријавените, пред околу три месеци на „Facebook“ објавиле понуда за работа во Израел, претставувајќи се како посредници, со услов пријавените сами да си го организираaт патот, доведувајќи ги во заблуда оштетените, кои за разновидни услуги биле насочени да извршат плаќање за адвокатски и патни трошоци, при што секој од нив поединечно потрошиле по 600 евра, или вкупно 1.800 евра.