Воспитно – образовниот процес во сите градинки, основни и средни училишта на териротијата на целата земја, во наредните 14 дена, ќе биде прекинат, најави денеска на прес – конференција, министерот Венко Филипче.
„На еден родител на дете до 10 години ќе му биде дозволено да отсуствува од работа и тоа отсуство ќе му биде целосно покриено, за што административно ќе го известиме Министерството за труд и социјална политика во рок од 14 дена“, изјави Филипче.
Филипче упати и апел да се почитува мерката за домашно мирување и да не се посетуваат игротеки, како што беше случајот при епидемијата со морбили. Воедно тој напомена дека препораките во следните денови може да се сменат или да се заострат.