Украдена таблата на меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/20 2:26 PM

Украдена таблата на меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Штип

На 09.03.2020 во 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во периодот  од 18.00 часот на 06.03.2020 до 07.00 часот на 09.03.2020 непознат сторител со спреј го офарбал алармот за видео надзор на влезната врата на зградата и со употреба на сила ја одзел таблата со натпис ,,Република Македонија -Јавна установа меѓуопштински центар за социјални работи – Штип” поставена на влезот од наведената институција, сопственост на Владата на Република Северна Македонија.

Се работи на расчистување на случајот.