Армани донира 1,25 милиони евра помош на четири болници и на Агенцијата за цивилна заштита – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/20 3:27 PM

Армани донира 1,25 милиони евра помош на четири болници и на Агенцијата за цивилна заштита

Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани, односно модната куќа „Армани“ донирала 1,25 милиони евра на три болници во Милано, во римската болница „Спаланцани“, како и на Агенцијата за цивилна заштита, објавиле представниците за јавност на оваа компанија.

– Повеќето вработени во „Армани“ работат од  дома, а во производствените погони се работи со минимален број луѓе, додале тие.

За само малку  повоеќе од две недели бројот на евидентирани случаи на заразени од корона во Италија порасна над 7,375, со 366 смртни случаи, видно оптеретувајки го здравствениот систем во оваа држава. Антонио Пезенти,шеф на регионалната канцеларија на  Ломбардија за криза рекол дека здравствениот систем во регионот е на чекор од колапс, врз основа на фактот дека одделенијата за интензивна нега се под се поголем притисок поради новите случаи. Италијанската влада во неделата одлучи да го блокира пристапот до градовите и опшините со најмногу заразени во регионот на Ломбардија и Венета, настојувајќитака да го сузбие ширењето на корона вирусот во Италија, најпогодената земја во Европа.

Извор: 24sata.hr

Фото: Ројтерс