Захариева се надева дека Мешовитата комисија ќе продолжи да работи веднаш по завршување на изборите – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/20 11:22 AM

Захариева се надева дека Мешовитата комисија ќе продолжи да работи веднаш по завршување на изборите

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева се надева дека Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања ќе продолжи со својата работа веднаш по завршување на парламентарните избори во земјава.

– Нашата позиција е јасна. Не сакаме да ги политизираме комисиите. Тоа е двостран процес. Тука ситуацијата е предизборна и тоа не е тајна за никого. Се надевам дека кога ќе завршат изборите, независно што ќе се случи на нив, веднаш комисијата ќе продолжи да работи затоа што тоа е исполнување на договорот што го потпишавме и покажува зрелост независно кој е на власт, изјави Захариева, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот настан во ОУ „Димитар Миладинов” во Скопје.

Во врска со изјавите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека кога ќе дојде на власт ќе направи корекции на Преспанскиот договор и на Договорот за добрососедство со Бугарија, Захариева се надева дека ваквите изјави се дадени поради предизборниот период во земјава.

– Имаше такви најави, но се надевам дека тоа е во знакот на предизборната кампања, рече Захариева.

MИA