Урната на Ѓорги Желчевски ќе биде положена во градината на сеќавања во Белград – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/20 4:25 PM

Урната на Ѓорги Желчевски ќе биде положена во градината на сеќавања во Белград

Испратен е достоинствено, така како то живееше, било речено денес на комеморацијата на легендарниот пејач Ѓорги Желчевски, која се одржала во малата сала на Комбах арената во Белград. Салата била полна до последното место од негови колеги и почитувачи на неговата работа, а неговата сопруга Кевсер Селимоа со солзи во очи ги примала пораките со сочуство.

Српските медиуми пишуваат дека неговата урна ќе биде положена на 16 март во градината на спомените на Новите гробишта во Белград. Желчевски почина минатиот месец . Ќе остане запаметен со песните, кои во дует ги испеа со Кевсер а меѓу кои се  „Елено, ќерко”, „Бело лице љубам јас”, „Врати ми се, љуби ме”, „Брала мома капини” и многу други. Пред седум години во Домот на АРМ концертно го прославија пет децениското постоење.

Фото: Семус