Ценатите на акциите на арабската државна нафтена компанија „Армако“ паднаја под иницијалната јавна понуда, прв пат откако во декември излезе на берза.
Во петокот пропадна спогодбата на Русија со ОПЕК, со која требаше да биде регулирано производството на нафта.
Акциите на нафтените компании „Армако“ паднаја за 6.2 % , на 30,85 саудиски ријали или 8,22 амерички долари, што процентуално претставува најголемиот забележан пад во еден ден.Цените на акциите сега се под иницијалната јавна понуда, со која „Армако“ се појави на пазарот на капиталот, а која изнесуваше 32 ријали.
Со цена од 1,7 билиони долари, „Армако“ во декември беше највредната компанија на светот.Цените на акциите веќе од наредниот ден достигнаа рекордни 38,70 ријали,но од тогаш константно се во пад.Од почетокот на годината паднаа за повеќе од 11 проценти, и загриженоста дека епидемијата од вирусот „Корона“ ќе ја намали потребата од нафта од Кина и така штета добила глобалната економија.
Големиот пад на на цената на нафтата може да нанесе значаен губиток на производството ширум светот, посебно на Венецуела и Иран, чии економии веќе се под притисок од американските санкции.
Кај нас Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на донесе одлука со која
се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од ноќеска на полноќ во прoсек за 3,42% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката од 02.03.2020 година.
ЕУРОСУПЕР БС95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2 денари за литар и ќе изнесуваат 62 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-95 и 64,00 ден/лит за ЕУРОСУПЕР БС-98.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)
се намалуваат за 1,50 денари за литар и ќе изнесуваат 54,50 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и 43,50
ден/лит за Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,495 ден/кг и ќе изнесува 28,895 ден/кг


