Несекојдневен имиџ учителка од Тузла: Се’ околу неа е црвено, со сопругот дури веќе си купиле и црвен надгробен споменик – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/20 11:38 AM

Несекојдневен имиџ учителка од Тузла: Се’ околу неа е црвено, со сопругот дури веќе си купиле и црвен надгробен споменик

Речиси секој човек има своја омилена боја, но ретки се тие на кои омилената боја им ги исклучува сите останати. Вистински пример за љубовта само кон една боја е Зорица Реберник од Тузла, Босна и Херцеговина, чиј живот повеќе од 40 години е исполнет само со црвена боја.

Бојата на нејзината коса, потоа на обувките, мебелот во куќата, украсите, рамките на сликите, часовниците, ѕидовите во собите, фасадата на куќата – сето тоа е во црвена боја во домот на пензионираната учителка Зорица Реберник (67), во местото Брезе кај Тузла.

Љубовта кон црвена боја и’ се јавила непосредно пред да се омажи со Ѕвонко Реберник, со кого е во брак 45 години и кој оттогаш ја почитува љубвта на својата сопруга во црвената боја.

Зорица и сопругот дури веќе си кулиле и надгробен споменик во црвена боја. Бидејќи такво нешто со црвена боја не можела да обезбеди во БиХ, го нарачала дури од Индија, пишува „Анадолија“, а пренесуваат медиуми од регионот.