Штериев: Со НАТО и ЕУ ќе растат акциите и интересот за нив – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/20 4:09 PM

Штериев: Со НАТО и ЕУ ќе растат акциите и интересот за нив

Постои  страв кај компаниите и доминатните сопственици на компаниите да не се разводни сопственичката структура, лесно се добиаваат кредити, банкарскиот секстор не само кај нас и пошироко е многу капитализиран, ликвиден во последниве години и без проблем компаниите се финансираат, изјави директорот на Македонска берза, Иван Штериев  за емисијата „Стадион“ на Канал 77.

„Клучните предизвици не се во регулативата, ние како пазар се наоѓаме пред едно целосно хармонизирање со европските директиви, се очекува во следниот период тие закони да се донесат, оваа година заедно со нашиот регулатор Комисијата за хартии од вредност  и со помош на Европска банка ќе одиме кон ревизија на кодексот за корпоративното управување на котираните компании, но и исчекорите компаниите почесто да се финансираат преку пазарот, а инвеститорите уште повеќе да вложуваат. Треба тука и некоја ферментација на металитетот, навиките, похрабри одлуки  на генерации“, изјави Штериев за „Стадион“.

Влегувањето на земјава во НАТО влијае веќе подолго време на берзата, вели Штериев. Оптимизмот се чувстувува извесно време, минатата година индексот порасна над 30%.