Самир Латиф: Нашата берза ден ипол реагираше на корона вирусот, во светот паднаа 15% берзите – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/20 2:54 PM

Самир Латиф: Нашата берза ден ипол реагираше на корона вирусот, во светот паднаа 15% берзите

„Сега во нашата држава држава единствен доказ дека поседувате хартија од вредност, без разлика дали е акција или обврзница е базата на податоци на Централен депозитар на хартии од вредност. Само од таму издадената потврда, е доказ за сопственост во самата држава. Со формирањето на Централниот депозитар на хартии од вредност, драстично се намалија нерегуларностите во овој дел“, вели професорот Самир Латиф, во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77 на тема „Стечај и ликвидација на сметка на малите, а бизнис интереси за големите акционери“.

Во некое не толку далечно минато луѓето не ја знае вредноста на акциите, вели тој па се случуваше да ги дадат за ефтини пари.  Од денешен аспект драстично е намалена базата на акционери во нашата земја, вели Латиф во оние 66.000 илјади веќе имаме дизердификација каде што не се само физички лица, туку имаме и правни лица и тоа се главно пензиски фондови, инвестициони фондови или физички лица.

Професорот се наврати и на времето, пред 15 години кога наши компании или не давале дивиденда или давале мала дивиденда, за сега вели во изминативе две години цената на акциите растат, но не е важна само цената туку и длабок е пазарот.

„Кога велам длабок е пазарот не е само рипање на цената, туку се купуваат и големи количини на акции, за 400% е порасната цената на акцијата“, вели професорот Самир Латиф.

2007- ма заживеа берзата, вредноста на акцијата беше до небо, луѓето се позајмуваа, купуваа, па паднаа нагло па седум до осум години немаше никакво движење на берзата, па сега веќе две две ипол години берзата живна.

Кај оние што се капацитетни да создадат профит, кај нив има и поголема дивиденда.

Нашата берза не реагираше на корона вирусот, реагираше ден ипол, а во светот паднаа 15 % берзите, зборувам за најголемите берзи, доколку проодлжи овој тренд на ширење на корона вирусот. Се очекува да паднат до 30 /40 % индексите на големите берзи.