Припадници на полициската станица Горњи Вакуф/Ускопље ноќеска во 2.40 часот примиле повик со кој било пријавено кривично дело подметнување пожари. Имено, неколку непознати лица во седум деловни објекти во кои што работат спортски обложувачници фрлиле запаллива течност, со што предизикале пожари и голема материјална штета на објектите и во нив.
На местата веднаш излегле и противпожарни единици од тој дел на Босна и Херцеговина.
Неофицијално, како што пишува сараевски „Аваз“, сторителите прво ги кршеле стаклата, а потоа во обложувачниците фрлале шишиња со бензин, таканаречени Молотови коктели. На мета биле четири обложувачници на „Спортплус“ и три на „Спортплус wин“.
Денес од полицијата соопштиле дека се фатени тројца осомничени сторители.


