Срби направија најдолг колбас во светот – 2.036 метри! – ММС
ММС

Објавено на: 03/6/20 10:37 AM

Срби направија најдолг колбас во светот – 2.036 метри!

Илјадници луѓе се собраа во војводинското село Турија за да го видат и пробаат, како што велат организаторите, најдолгиот колбас во светот. Колбасот, долг 2.036 метри и тежок повеќе од два тона, беше донесен со трактор, а на присутните на настанот им е продаван по цена од 500 динари за килограм, јавуваат српски медиуми.

На настанот присуствувал и српскиот министер за земјоделство Бранислав Недимовиќ.

„Србија нама големи резерви на нафта, нема море, но храната е нашето море, нашата нафта, нашето злато“, рекол министерот.

Ранислав Станков, претседател на Здружението на колбасичари од Турија, соопштил дека колбасот го правеле десетина готвачи, а им биле потребни три дена.