Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека неговиот тим не треба да се жали и дека испаднал заслужено од Челзи за ФА Купот синоќа.
Лидерот во Премиер лигата запиша втор директен пораз, откако дозволи и прв пораз во елитата на Англија оваа сезона по шокантните 0-3 од Ватфорд.
– Навистина ќе ми биде драго ако престанете да ја спомнувате нашата загуба од Ватфорд. Синоќа заслужено загубивме затоа што Челзи постигна два гола и направивме големи грешки при двата. Тогаш натпреварот беше целосно отворен. Имавме три или четири последователни удари во првото полувреме и Садио Мане беше близу до постигнување на гол. Направивме измени заради интензитетот на натпреварот. Ни требаше свежина. Момците одговорија добро и ми се допадна, но вториот гол е проблем. Во исто време, Челзи добро се одбрани. Мора да бидеме подготвени за тие моменти бидејќи пред голот на Адријан тој направи одлично спасување. Челзи страдаше на моменти. Ми се допадна најголемиот дел од играта, но свесни сме дека треба да се подобриме, изјави Клоп по мечот.
Тој е на мислење дека изминатите три недели не беа најдобрите за тимот, но сега имаат шанса да ги одиграат најдобрите три недели од сезоната.
– Тоа е нашиот план. Ние воопшто не мислиме на Атлетико Мадрид, туку само за Борнемаут. Тие се борат многу добро и се справија добро против Челзи. Нема потреба да не жалите во моментов. Повторно ќе победуваме на натпревари. И ова е нешто што сакаме да го направиме повторно во сабота, додаде Германецот.
Извор: denar.mk