Време: Денеска до 20 степени, од вечер дожд – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/20 6:59 AM

Време: Денеска до 20 степени, од вечер дожд

Променливо облачно со засилен ветер претежно од југоисточен правец, особено во источните делови. Попладне и кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и локално ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер. Максималната температура, според УХМР, ќе достигне до 20 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд, кои посебно изразени ќе бидат утре.