Штрајк со глад на лекарот кој и’ помогна на ЦИА за убиството на бин Ладен – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/20 10:17 AM

Штрајк со глад на лекарот кој и’ помогна на ЦИА за убиството на бин Ладен

Шакел Африди, пакистанскиот лекар кој им помогна на ЦИА да го пронајде и убие Осама бин Ладен, почна штрајк со глад од неговата затворска ќелија, соопштија денеска неговиот брат и неговиот адвокат. Шакел Африди со години лежи зад решетките откако неговата програма за лажна вакцинација им помогна на американските агенти во 2011 година да го пронајдат и убијат лидерот на Ал Каеда.

„Протестира против неправдите и нехуманите ставови што се прават против него и неговото семејство“, рекоа братот и адвокатот по средбата со Африди во затворот во централната провинција Пенџаб.

Африди доби затворска казна на 33 години во 2012 година, откако беше осуден за врски со милитантите, обвинение кое тој секогаш го негираше. Неговата казна подоцна беше намалена за десет години.