Филипинската полиција опколи трговски центар во кој вооружан напаѓач отворил оган, ранил едно лице и зел 30 како заложници.
Властите велат дека станува збор за незадоволен чувар, кој неодамна ја загубил работата во трговски центар во Манила.
„Едно лице е застрелано и пренесено во болница“, соопшти за медиумите Френсис Замора, градоначалник на Сан Хуан, каде се наоѓа трговскиот центар.


