Штип денеска ќе добие нов мост на Брегалница – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/20 7:56 AM

Штип денеска ќе добие нов мост на Брегалница

Во Штип денеска свечено ќе биде пуштен во употреба новиот мост на реката Брегалница, кој треба да го растовари сообраќајот на булеварот „Гоце Делчев” и на Кемниот мост на реката.

На пуштањето во употреба на мостот најавено е обраќања премиерот, Оливер Спасовски, вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска и градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Со пуштањето на новиот мост на Брегалница, Општина Штип и официјално во употреба ја заврши и изградбата  на  новата обиколница од улицата „Борис Крајгер” до булеварот „Гоце Делчев”, која ги поврзува најголемите штипски населби Сењак, Дузлак, Баби, Дузлачки Рид, Света Недела, 8 Ноември и  Автокоманда со индустрсикиот дел на градот. Првата и втората фаза од обиколницата се инвестиција на Општина Штип и чинат околу 58 милиони денари.

Челичниот мост на реката Брегалница е тежок 240 тони,  долг е 60,  широк е десет метри, од едната страна  има и тротоарна површина, по која ќе се движат пешаците.

МИА