(видео)Трансмет на Кочан платил по 4000 евра дневно казна за доцнењето на зградата на Општина Ѓорче Петров – ММС
ММС

Објавено на: 02/29/20 2:50 PM

(видео)Трансмет на Кочан платил по 4000 евра дневно казна за доцнењето на зградата на Општина Ѓорче Петров

Со договор за јавно приватно партнерство на тогашниот градоначалник Сокол Митревски и компанијата на Сеад Кочан, Трансмет, од 2012 година е почната изградбата на општиндката зграда на Општината Ѓорче Петров. Осум години подоцна зградата е недоградена, во состојба на карабина, а транспет е во стечај.
Според договорот,по изградбата, над 3000 квадрати метри е на Општината Ѓорче Петров, додека над 11.000 квадрати на Трансмет. Градбата е на атрактивна локација, ослободена од давачки.
Актуелниот градоначалник, Александар Наумовски во емисијата Стадион на Канал 77 изјави дека веднаш по доаѓањето на власт веднаш покренал правни мерки за да ја заштити инвестицијата. Од сметката на Трансмет во стечај успеал да наплати 380.000 евра, односно по 4000 евра за секој ден доцнење на градбата. Но, и натаму останува проблем со недоизградената зграда, за која требаат околу 400.000 евра за да се заврши.
-Со тоа ја расчистивме општината од долгови за да можеме да функционираме понатаму. До моментот на отворање на стечајната постпка, пеналите за доцнењето, кои се пријавени во стечајната маса е 1.380.000 евра. Таму има донесено несреќна одлука од советниците, за да го заштитат градоначалникот, да може Трансмет да отуѓува и продова простор од деловниот дел на недоградената општинска зграда. Таа одлука на Советот деловните банки ја искористиле да може да даваат кредити. Тие пари Трансмет не ги искористил за доградба на зградата, туку на други места, изјави Наумовски.
Иако Трансмет е во стечај, јавно приватното партнерство се’ уште е во сила. Наумовски објаснува дека тоа е со цел да ги наплатат ос стечајот преостанатите 1.380.000 евра, додека делот од зградата што и’ припаѓа на општината, усепале да го заштитат со впишување и добивање на Имотен лист.
Тоа, меѓутоа, според експерот Саша Максимовски, не треба да биде причина да не се раскине штетниот договор со Трансмет. Според Максимовски, стечајот во Трансмет е доволна причина да се раскине договорот и овој приватен партнер, да се замени со друга, ликвидна компанија како партнер.
Погледнете во видеото од емисијата Стадион: