Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија спортските федерации одлучија претстојните натпревари да се одиграат без публика.
„Сите натпревари од 21. коло на Прва МФЛ и 15. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад ќе се одиграат без присуство на публика“-се вели во соопштението од ФФМ, и Кошаркарската федерација на Северна Македонија официјално потврди дека сите натпревари кои се во организација на федерацијата ќе се одиграат без присуство на публика.Потврда дадоја и од РФМ.
Ракометарите на Вардар утре ќе го играат последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите, а го пречекуваат францускиот Монпеље.
Победа над францускиот тим, под услов и Порто да загуби на гостувањето кај Мешков Брест ќе му донесе на Вардар полесен противник во осминафиналето.


