Кој е виновен за „крвавиот“ снег на Антарктикот ?! – ММС
ММС

Објавено на: 02/28/20 12:37 PM

Кој е виновен за „крвавиот“ снег на Антарктикот ?!

Научниците од украинската истражувачка база „Вернадскај“ на Антарктикот, пронашле снежно опкружување обоено во необично црвена боја. Го нарекуваат „снежен цвет“. Поради боење на снегот во боја на малина, снегот ги впива сончевата светлина и брзо се топи, а тоа влијае на климатските промени.

Морскиот еколог Андреј Зотов од Националната академија за науки во Украина, направил фотографии во текот на своето истражување и престој во станица на Антарктикот.

За ваквиот епски нереди виновни се минијатурните суштетсва, кои под микроскоп се идентификувани како Chlamydomonas nivalis.

Во прашање се микроскопски зелени алги, кои се вообичаено присутни на ладните и снежни подрачја.

Во текот на зимата тие „спијат“ но кога ќе се појави доволно сончева топлина и светлина, алгите се будат, користејќи вода и сончева светлина и многу брзо растат и се шират. Оние со зелена боја поради своите фотосинтетички хлоропласти, имаат структура слична на реп, им помагаат кога пливаат.

Како созреваат, губат енергија и развиваат единствена адаптација за преживување во своето опкружување, која вклучува слој на црвен кротеноид, кој го менува нивниот изглед од зелена во портокалова, па црвена боја.

„Овој слој ги штити алгите од ултравиолетово зрачење“, наведуваат од Националната академија на науките.

Каретоноидите им помагаат на алгите да впијат што повеќе топлина, но тоа создава повеќе користење вода за нив, во која можат да напредуваат. Тоа е добро за алгите и инсектите кои ги јадат, но на жалост постојат и други последици.