Многу компании гo прекинаa работењето поради страв од ширење на коронавирусот.
Сепак, некои фирми повторно се отворија и им нудат на своите работници разни стимулации за да ги мотивираат да се вратат на работа.
Компанијата Foxconn понуди бесплатен превоз со автобус, храна и сместување за работниците, а секој ден извршуваат детални процедури за дезинфекција во своите објекти.
Foxconn, исто така, го зголеми дополнителниот бонус од претходните 3.000 јуани (426 долари) на 5.000-7.000 за повратниците и новите работници за да ги ублажат недостатоците на работна сила што е можно побрзо.
Според, DigiTimes многу други тајвански производители со седиште во Кина исто така преземаат слични мерки за стимулирање за враќање или вработување на нови работници.
Foxconn Technology Group е една од најважните во ланецот за производство на iPhone, а има погони во Виетнам, Мексико и Индија кои работат со целосен капацитет.
Извор: denar.mk