Нема да се одложи Струмичкиот карневал поради појавата на еден пациент со корона вирус. Одлуката ја донел организациониот одбор во корелација со координативното тело од Скопје од каде не добиле било каква препорака или одлука за откажување на манифестации и поголеми јавни собири. Како што кажа претседателот на организациониот одбор Александар Цицимов, Струмичкиот карневал ќе се реализира според предвидената програма
,, На состанокот на организациониот одбор со градоначалникот ги разгледавме сите аспекти и го отворивме ова прашање. Од координативното тело од Скопје засега нема дадено забрана за одржување на било какви манифестации во земјава ниту пак ние добивме препорака. Бевме на линија и со нив и одлучивме да го тераме карневалот бидејки откажувањето ќе носи и поголема паника ’’, кусо изјави Александар Цицимов.
В.Т