Многу веројатно, состојбата со опаѓањето на нивото на Преспанското Езеро да се должи на долготрајниот сушен период и климатските промени. Ова беше одговорот на прашањето на Канал 77 од министерот за заштита на животната средидна и просторно планирање, Насер Нуредини, кој сакаше да ги почека престојните експертски состаноци, па да се даде одговор на прашањето зошто драстично се намали нивото на Преспанското Езеро. Веќе во поенделник е закажана средба на формираната работна група од експерти од Македонија, Албанија и од Грција.
– Не би сакал да шпеклирам, штом ќе имам детални информации, тогаш ќе можам да ве известам за тоа кои се причините за намалувањето на нивото на Преспанското Езеро, рече Нуредини.
Неколку мерни станици го мерат нивото на езерата во Македонија. Од експертите има сугестии дека такви мерни станици треба да се постават за сите езера и за изворите за вода за пиење.
– Како земја сме свесни за климатските промени и се разбира дека соодветно ќе мора да реагираме на тоа. Имајќи предвид дека имаме и многу сува зима, немаше никакви врнежи, ниту од дожд, ниту од снег, морам да кажам дека треба да изнајдеме начин да работиме заедно со сите инволвирани институции, а прво со Министерството за земјоделство со цел да направиме планови, како да се помине летото. Затоа што имајќи предвид каква зима имавме не очекува и сушно лето, вели Нуредини.
Објавено на: 02/26/20 3:02 PM