Еврокомесарот Самуел Жбогар, денеска во Свети Николе не сакаше да коментира за датумот за отпочнување преговори, бидејќи како што кажа не сака предвреме да ги зголеми очекувањата.
„Од земјите членки на ЕУ, во октомври беше најавено дека извештајот за напредок на земјата ќе биде пред мај, но се’ уште нема конкретен датум. Датумите кои се појавија во медиумите, дека извештај ќе има меѓу 2 – 5 мај, не се потврдени“, изјави Жбогар.