Објавени телефонски броеви за пријавување на сомнителни случаи со коронавирус – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/20 7:54 PM

Објавени телефонски броеви за пријавување на сомнителни случаи со коронавирус

На телефонски броеви во Институтот за јавно здравје и во центрите за јавно здравје во државата можат да се пријават сомнителните случаи со симптоми налик на коронавирус по пристигнување во територијата на Македонија, објави денеска Министерството за здравство.


Сите коишто ќе се пријават ќе се тестираат во центрите за јавно здравје, а евентуална изолација би била на одделението за инфективни болести.
Тестирањата на првите два сомнителни случаи во државата, покажаа дека се негативни на коронаворусот, туку дека станува збор за болни од обичен грип.

Влегувањето во земјата од кризните подрачја е ограничен само преку аеродромите во Скопје и Охрид и граничните премини Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир.