Во Куманово денеска е ден на жалост по повод трагичниот настан во Романовце во кој по експлозија на плинска боца загинаа три деца, а подоцна на повредите им подлегна и 58-годишен маж.
Вкупно беа повредени седуммина кои поради сериозноста на повредите се лекуваат на скопските клиники, а дел од нив се во тешка здравствена состојба.
Знамињата се спуштени на половина копје, а одложени се културните, спортските и забавните манифестации.
Одлуката за прогласувањето на 25 февруари за Ден на жалост вчера едногласно ја донесоа советниците на вонредна седница на Советот на општина Куманово.
Градоначалникот Максим Димитриевски и Советот на општината најавија институционална и вонинституционална поддршка за семејствата Алими и Сакипи.
MИА