Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност, слаб до умерен јужен ветер и со максимална температура до 19 степени, е прогнозата на УХМР за денеска.
И утре ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност и со максимални 20 степени. Под влијание на влажен бран, утревечер и в четврток ќе настапи наоблачување со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува засилен ветер в среда од југозападен, а в четврток од северозападен правец. Дневната температура значително ќе се намали. Од петок стабилизација, без врнежи и со постепено покачување на температурите.