Меѓу советите за борба против вишокот килограми, често може да прочитате дека треба да јадете во мир, никако додека одите, гледате телевизија итн. Идејата е да се концентрирате на самиот оброк т.е да практикувате техника на “свесно јадење”.
Оваа навика ни помага на време да го препознаеме сигналот за ситост, па благодарение на тоа да внесуваме помалку калории во текот на денот. На овој начин ги намалуваме шансите да се здебелиме, додека во случај на постојан вишок на килограми дури можеме и да ослабеме.
Како да практикувате свесно јадење?
– За почеток, одвоете време за оброк и исклучете го телевизорот, компјутерот или радиото и оставете го телефонот. Едноставно, седнете на маса во мирен амбиент и јадете.
– Добро џвакајте ја храната. Секој залак џвакајте го најмалку 20 пати и по секој залак спуштете ја вилушката или лажицата. На овој начин исто така ќе се олесни варењето.
– Размислете за вкусот на храната која ја јадете – до кој степен е солена, слатка, кисела или горчлива? Каква е аромата или текстурата на храната која ја јадете?
– Јадете полека и обрнете внимание на ситоста. Штом забележите дека не сте гладни и дека не ви се јаде повеќе, престанете со јадење.
Извор: denar.mk