Растот на платите треба да биде генериран според зголемувањето на продуктивноста, а не со одлуки за зголемување на минималната плата, беше заклучено на денешната прес-конференција во Стопанската комора на тема „Перспективите на текстилната и кожарската индустрија и потребата за зголемување на продуктивноста“.Македонската економија се соочува прилично лоша и индустриска извозна структура и тоа е една од причината за нискиот животен стандард и ниските плати,вели Дарко Лазаров, професор при универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.Институционалното зголемување на минималецот може и на некој начин да се смета за причина за затворање на малите фирми.
„Во нормални пазарни услови платите растат само преку раст на продуктивноста. Никако поинаку, а тој пораст на продуктивноста оди тогаш кога ќе се зголеми плтата во индустријата, кога ќе се зголеми додадената вредност, а таа се зголемува кога компаниите имаат подобра техничко-технолошка опрема, производи со повисок степен на финализација. И тука нема друга приказна. Сите земји во светот што се богати, се богати зашто имаат добра производна, преработувачка и извозна структура, зашто нивните ресурси се сконцентрирани на производи со поголема додадена вредност“, рече Лазаров
Во 2019 година забележано е и намалување на вкупниот извоз во споредба со 2018 година за 6.5 %.
Платата во текстилната индустрија во 2018 година изнесува 64% од просечната плата во целата индустрија.Просечната плата изнесува 17.816 денари .Проблемите во текстилната и кожарската индустрија,како и во останатите трудопроизводни индустрии генерираат три предизвици: владеење на правото, реформи во образованието и структурни промени , вели Ангел Димитров , претседател на здружение на текстилна и кожарска индустрија,Тој додава дека прашањето над сите прашања е заминувањето на младите во странство, Преструктуирање, нагласи Димитров, мора да има, но притоа треба да се внимава да не се затворат постојните капацитети.


