Во текот на 2019 година од вкупно регистрирани 686, сообраќајни незгоди на подрачјето на СВР Штип, 358 сообраќајни незгоди се со потешки последици, односно со загинати и повредени лица.
Регистрирани се 14 сообраќајни незгоди со загинати лица, во кои животот го загубиле 15 лица, додека во 87 сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди се здобиле 104 лица и во 257 сообраќајни незгоди со лесни телесни повреди се здобиле 422.
Споредбено со 2018 година, вредностите се речиси изедначени. Во оваа година имало 701 сообраќајна незгода, 360 со загинати и повредени лица.
Биле регистрирани 18 сообраќајни незгоди во кои животот го загубиле 19 лица.