Во периодот од 22.00 часот на 22.02.2020 до 04.00 часот на 23.02.2020 СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол.
При контролата, кај 27 возачи било утврдено присуство на алкохол од кои: 11 Штип, пет во Кочани, двајца во Виница, еден Делчево, еден Берово и седум Свети Николе.
Сите 27 возачи биле исклучени од сообраќај, одземени им се возачките дозволи и на сите им се издадени мандатни платни налози. Санкционирани се и 23 останати прекршоци.
СВР Штип спроведува и ќе продолжи со засилени контроли за откривање, спречување, како и санкционирање на овој и на останатите видови на прекршоци, како брзина на движење, првенство на минување, неправилно престигнување, непрописно престројување, прекршоци кои придонесуваат за случување на сообраќајни незгоди со потешки последици.
Апелираме сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација на патиштата.