Појавата на корона вирусот во Северна Италија може да претставува закана за македонската кожарска индустрија – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/20 2:53 PM

Појавата на корона вирусот во Северна Италија може да претставува закана за македонската кожарска индустрија

Доколку се искомплицира ситуацијата со Корона Вирусот во Италија постои можност да замре кожарската индустрија во кумановско, вели претседателот на здружението на текстилна и кожарска индустрија Ангел Димитров

Најголемиот дел од компаниите работат за италијански партнери и се под закана дека нема да можат да обезбедат суровини и да ги пласираат своите производи, ако се влоши состојбата со коронавирусот во Италија. Тоа ќе биде повод за затворање на повеќето компании – вели Ангел Димитров, претседател на Здружението на текстилна и кожарска индустрија на Стопанската комора.