Актерката Деми Мур и нејзината ќерка беа помеѓу гостите на забава во Холивуд, на која главното правило е сите присутни да не носат шминка.
Забавата ја организираше Гвинет Палтроу, а Деми на овој настан се појави со својата ќерка Рамер Вилис (31).
Деми во оваа прилика облече ролка без ракави, но она што сите го забележаа е колку всушност таа изгледа убаво без шминка на 57 години!
Додека заводливата актерка на Инстаграм се пофали со оваа вечера, пишувајќи дека се чувствува среќно и задоволно, Мур додаде и дека „убавината е многу повеќе од она што го гледаш, тоа е она што го чувствуваш“.
Можеби убавината навистина не е само она што може да се види, но на нејзините следбеници на Инстаграм ќе им биде доволно и само она што ќе можат да го видат, па во коментарите сите ја пофалија актерката дека изгледа преубаво.