Отворањето на нокаут фазата во Лигата на Шампионите воопшто не разочара. Мадридски Атлетико со 1-0 го совлада актуелниот европски шампион Ливерпул. Силниот пресинг на домаќините и агресивноста на тимот на Чоло Симеоне, веднаш вродија со плод. Во 4 минута од мечот по една нафрлена топка, Саул Нигез најдобро се снајде и ја протна топката во мрежата на голманот Алисон. Сепак, цврстата и организирана одбрана на Атлетико Мадрид не му дозволи на едно од најдобрите напаѓачки триа (Фирмино, Салах и Мане) да постигне гол. Раритетен е податокот дека Ливерпул во текот на сите 90 минути, не упати ниту еден единствен шут во рамките на голот.
Во вториот 1/8 финале натпревар, копјата ги вкрстија екипите на ПСЖ и Борусија Дортмунд. Значително подинамичниот меч , во првото полувреме ги остави гледачите без конкретни возбудувања, но второто полувреме ги исполни очекувањата. Резултатот го отвори младиот норвешки репрезентативец, Ерлинг Халанд, одлично снаоѓајќи се во шеснаесетникот. Гостите од Париз експресно се вратија во натпреварот преку „смртоносното дуо“ Мбапе-Нејмар. Французинот вешто се проби низ одбраната на Германците и му асистираше на Нејмар. Конечниот резултат во 77 минута го постави Халанд со феноменален гол од далечина.
Реваншите од овие дуели се на 11 март. Вечерва од истиот термин се среќаваат екипите на Аталанта и Валенсија, односно Тотенхем и Лајпциг.


