Стопанската комора и агенцијата за вработување на РСМ ги презентираа барањата на бизнисот за оперативниот план за вработување за 2020 година
Стапката на невработеност од 17.5 % се јавува од несоодветните компетенции на пазарот на труд врз основа на она што се бара од работодавачите, додека од друга страна дури 62 % од компаниите се соочуваат со недостиг на работна сила.
Кадарот којшто го побаруваат домашните компании се бара и на запад .Разликата во платите за истите струки е во неколку стотици евра.Од стопанската комора велат дека платата е пазарен механизам,дека преземаат мерки за максимална поддршка за компаниите да се обезбедат со стручен кадар.
-Од оние што бараат работа претежно тоа се лица со професии од општествените науки кои не можат да најдат работа на пазарот на труд. Затоа се тежнее кон тоа да се направи нивна преквалификација и доквалификација за да може да се вклучат во работниот процес. Исто така тоа се лица со високообразовни квалификации кои не сакаат да работат со пониско ниво на квалификации, иако платите што се нудат во компаниите се повисоки. Имате компании кои нудат плата до 30 илјади денари, но не можат да најдат кадар бидејќи работниците сметаат дека многу им е подобро да седат дома, отколку да бараат работа, рече денеска на прес-конференција Наташа Јаневска од Стопанската комора на Македонија, одговори на новинарско прашање, Наташа Јанеска од стопанската комора.
Работодавците за недостигот на работен кадар, причините ги посочуваат во заминување на работноспособното население од нашата држава во други земји , преземањето на кадар од една во друга компанија, неактивно работно-способно население како и несодветното образование на кадарот.
Агенцијата за вработување на РСМ и во 2020 година ќе спроведува обуки за доквалификација и преквалификација,затоа што со напредокот на техничко-технолошките процеси, бизнисот има побарувања за човечки капитал со нови вештини, рече Директорката на АВРМ Билјана Јовановска, која додаде дека и оваа година ќе продолжат мерките за практиканство,за самовработување, субвенционирање на плати во текот на засновање на работниот однос и на барање на работодовачите ќе продолжат обуките за познато место за потребите на работодавачите, ќе продолжи да функционира и младинскиот додадок за вработени млади лица во производството и земјоделството.


