Љубомир Ѓурчевски: Буџетот на ФФМ е 14 милиони евра, ако крадела службеничката која додавала нули тоа сигурно го знаеле и треба да одговараат и претседателот и генералниот секретар – ММС
ММС

Објавено на: 02/15/20 2:18 PM

Љубомир Ѓурчевски: Буџетот на ФФМ е 14 милиони евра, ако крадела службеничката која додавала нули тоа сигурно го знаеле и треба да одговараат и претседателот и генералниот секретар

Буџетот на Фудбалската федерација на Макеоднија е 14,5 милиони евра е за оваа година, од кој што 7,5 милиони евра, се по основ на телевизиски права, од кој што се исплаќаат плати, награди, тоа ФИФА и УЕФА не го контролираат затоа што тоа е одлука донесена 2011 година, а се применува од 2015 година каде што парите од телевизиските права си одат директно на сметки на федерациите, вели Љубомир Ѓуречевски поранешен член на УО на ФФМ во емисијата „Стадион Парадокс“ на Канал 77.

Тој исто така го прокоментира и последниот скандал со ФФМ, поврзан со сметководителката.

„Не може да има допишување на нули додека овластените потписници на налозите не и ги потпишан претседателот, генералниот секретар или член од Управниот одбор. Затоа истрагата е насочена кон 10 и повеќе лица, значи има повеќе потписници, вели Ѓурчевски.