По повод Меѓународниот ден посветен на децата што се борат со канцер, денеска во Скопје ќе се одржи златна трка и забава во организација на НО САНО и Универзитетската клиника за детски болести.
На настанот, организаторот најавува дека, ќе се обрати и ќе ги поддржи малите херои од хемато-онколошкото одделение при Клиниката за детски болести и министерот за здравство Венко Филипче.
За децата во болница ќе настапат DJ Shime, Бени Шаќири и НОН СТОП, актерката Елизабета Клинчаревска Младеновска, Ели Раста Грл и најдобрата пријателка од светот на децата Биби.
Во организација на настанот се вклучуваат и ученици од интернацоналното училиште „Нова„ и гимназијата „Орце Николов”, кои и досега волонтираат и им помагаат на децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести.
МИА