Рег Мед и Ричард Милс се наградени со Гинисов светски рекорд откако пронајдоа огромно количество предхристијансkи монети во поле на островот Џерси во Велика Британија. Двајцата ловци на богатство поставија рекорд откако пронајдоа речиси 70.000 римски и келтски кованици, пишува „Фокс њуз“.
Двајцата велат дека цели 30 години биле во потрага по богатство, а за откритието им помогнала стара жена која рекла дека во близина видела сребрени монети. Ги откопале на само еден метар во насип од глина. Монетите се од околу 50. година пред новата ера, а вредноста им е проценета на 13 миlиони долари.
Според британскиот закон од 1996 година, богатството и’ припаѓа на кралицата, а пронаоѓачите имаат право на награда.


