Сопартијците Крсто Мукоски и Антонио Милошоски изрекоа тешки зборови еден на друг. Милошоски потесети на ставот на СДСМ за Мукоски пред и после неговиот премин во Независната пратеничка група и изнесе податок дека неговата фирма од власта на СДСМ има добиено тендери во износ од четири милиони евра.
-Некои луѓе, на кои Крсто Муковски им ја отвори вратата на НАТО, се’ уште се во затвор и нивните семејства и нивните деца немаат татковци како што имаат неговите. Зошто? Затоа што гостподинот Крсто Мукоски одлучил да ги изневери граѓаните кои што го гласале и за него Зоран Заев вели дека Крсто Мукоски знае на вистински начин да преговара за законот за јавно обвинителство за разлика од Кристијан Мицкоски, кажа Милошоски.
На ова Мукоски одговори дека неговата семејна фирма „Атриум“ работи од 1974 година во Словенија и добивала и тогаш и сега тендери. Потсети дека со Милошоски го знае од студентските денови.
-Ова што денеска го кажувате е типичен пример на уплашен човек, човек криминалец, кој знае дека еден ден ќе треба да одговара. Многу ми е жал за ВМРО ДПМНЕ денес е заложник на двајца – тројца криминалци како вас и се претвори во партија како Златна Зора во Грција или Радикалите на Шешељ. Тоа не беше фундаментот на партијата од основањето, рече Мукоски и додаде:
-Што се однесува до 27 април ќе ви кажам неколку збора. Крсто Мукоски за таа несвесна грешка си го одлежа своето. Жалам што такви како тебе, што ги упатуваа горе луѓето, да го направат тоа што го направија, а ќе ве потсетам на една изјава што беше дадена од сведок што во моментот е во бегство: – Не барајте го Љубен Арнаудов,качете се горе, целта е Заев. Жалам што такви како тебе не одговараат“, рече на говорницата Мукоски.
Објавено на: 02/14/20 1:55 PM