Фолк ѕвездата Сузана Гавазова со својот сопруг Јасмин Курузовиќ денес ќе ги слават љубовта и виното, односно „Св. Трифун“ и „Св. Влентајн“. Тие се уште еден доказ дека кога љубовта е во прашање не постојат граници, таа не признава боја и религија. Таа православна, тој муслиман а заедно ќе слават католички празник.
– Јас и Јасмин сме доказ дека кога љубовта е во прашање нема граници. И јас и тој не сме толку верски настроени. Ние се си славиме. Еве вечер во ресторан ќе го славме и „Св. Трифун“ и „Св. Валентајн“, а ги славиме и сите останати православни и муслимански празници. Денес сами, без децата ке одиме во ресторан. Јас реков дека за мене денес е празник на романтика и така ке си славиме и љубов и вино. Подароците и не се толку важни, ние си разменуваме подароци без причина. Иако утрово си разменивме мали подароциња. Јас нему му купив чоколадо, а тој мене парфем. Јас секогаш кога се подароците во прашање поминувам поефтино, се шегува Сузе.

Сузе со сопругот Јасмин на романтично патување во Венеција
Сузе и Јасмин во брак се веќе седум години и ги имаат ќерките Емили и Селена.
-Да, да заедно сме седум години и бидејки премногу ни е убаво заедно не ни забележавме кога поминаа. За нас седмицата ни е среќен број, бидејки сеуште имаме страствена љубов. А штом има страст не треба да се плашиме за бројки кои означуваат криза во бракот, вели таа.
А по повод славењето на љубовта Сузе сними видео порака за сите вљубени.
https://www.facebook.com/SuzanaGavazovaOfficial/videos/2498100760429018/?t=0


