Полицијата во Софија почна да забранува автомобили што го загадуваат воздухот – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/20 7:06 PM

Полицијата во Софија почна да забранува автомобили што го загадуваат воздухот

Сообраќајната полиција во Софија почна со проверки на автомобилите и камионите што го загадуваат воздухот во Софија.

Возилата што испуштаат штетни гасови над дозволеното ќе бидат исклучувани од сообраќај и нема да може да се возат додека сопствениците не ги доведат во границите на дозволеното нивото на штетни честички.

За таа цел на сообраќајната полиција ѝ се доделени пет уреди од градските власти со кои ќе се мери нивото на штетни гасови.

Досега вакви уреди во Бугарија се користеа само при регистрација на возилата.

Оваа мерка е донесена од градските власти во рамки на активностите за намалување на загадувањето на воздухот.

Таа важела и лани, но не се применувала затоа што дел од уредите не биле во целост функционални и требало да се заменат.

Според експертите во Бугарија, 60 отсто од загадувањето на воздухот е поради старите дизел автомобили.

360степени.мк