“Sinot Aqua” е најновата суперјахтa во сопственост на американскиот милијардер и ко-основач на Microsoft, Бил Гејтс.
Гејтс ја платил суперјахтата дури 644 милиони долари, а освен што ќе добие на изглед преубав брод, со хиперлуксузен ентериер, со купување на тој брод стана првиот сопственик на пловило кое се напојува со течен водород.
Да потсетиме, единствен нуспроизвод на погон на водород е водата.
Суперјахтата Aqua има пет луксузни дизајнирани палуби, максимална брзина од 32 километри на час и може да исплови дури 6.750 милји пред повторно да се наполни со гориво.
Суперјахтата е долга 112 метри, а во себе има два вакумски изолирани резервоари за течен водород со тежина од 28 тони, кои ја одржуваат температурата на течниот водород на стабилни -258,89 целзјусови степени.
Резервоарите ги напојуваат мотори со поединечни сили од еден мегават, кои пак ги придвижуваат двата задни, а тука се и два странични потиснувачи на сила за подобро маневрирање, со по 300 KW секој. Тука е и батеријата со сила од 1,5 MWh која обезбедува моментална електрична енергија и ја снабдува бродската електрична мрежа.
Од другите удобности кои доаѓаат со оваа суперијахта, тука е и мини водопад, кој се наоѓа на крајот на базенот на палубата. На предниот дел од бродот е изградена опсерваторија, која нуди спектакуларен поглед за тоа што се наоѓа пред бродот.
Во случај на вонредна состојба, Aqua има и место за слетување на хеликоптери, од каде патниците можат да се транспортираат по копно со електричен дрон како Alkai Skaija.
Извор: denar.mk