Комисијата за европски прашања доцна синоќа соопшти дека за денеска е закажана седница на која на дневен ред се ставени законите за јавно обвинителство и измените на Законот за Советот на јавни обвинители за кои вечерва Собранието одлучи да бидат носени по скратена постапка.
– За утре, 11 февруари (вторник) 2020 година, претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби, ја закажа седницата на Комисијата за европски прашања, на чиј дневен ред се Законот за јавното обвинителство и Законот за изменување и дополнување на Советот на јавни обвинители на Република Македонија, се вели во соопштението испратено од Комисијата за европски прашања.
МИА