-Нашите Медени, вчера го освоија најважниот Оскар – за човечност, едноставност, свесност за животната средина и големо ❤️. Ги освоивте нашите срца и срцата на милиони луѓе низ целиот свет и со еден симболичен гест сакаме да се заблагодариме – затоа вечерва донесовме одлука на владината седница за парична награда од 3 милиони денари за екипата Медени. Бидејќи го додадовте епитетот ”Медена” на нашата земја.Бидејќи нѐ направивте тооолку горди!, на Фејсбук напиша министерката за финасии Нина Ангеловска, соопштувајќи ја владината одлука екипата на „Медена земја“ да се награди со три милиони денари.
Објавено на: 02/10/20 11:38 PM